Виена – стоплете го срцето со Захер торта и топло кафе

Магелан Травел - Виена

Магелан Травел – Виена

Виена, срцето на Австрија, е десеттиот град во ЕУ по бројот на популацијата, и за 2008 година, тоа е градот кој се наоѓа на втората позиција по квалитет на животот.Виена лежи во источниот дел на Австрија и е оддалечена од Братислава само 65 км.

Зад оваа европска метропола стои долга и голема историја, која датира уште од 500 г.н.е., кога претставувала селтичка провинција. Меѓутоа, најголем белег остава 19 век, кога Австрија драматично расте и се развива на сите полиња – политички, економски и културно-уметнички. И поради тоа, уметноста и културата имаат долга традиција во Виена, вклучувајќи ги театарот, операта, класичната музика и применетата уметност.

Нејзиното раскошно лице е лесно препознатливо: грандиозни империски палати и бомбастични барокни ентериери, музеи, волшебни плоштади, и над сè, феноменалниот Хофбург – каде Хабсбуршката династија владеела, живеела и љубела. Меѓутоа, токму овој историски аспект нè тера да заборавиме дека Виена е една урбана, модерна и динамична метропола, каде може да се соочите со провокативната современа уметност. Виена е потсетник за бесмртните музички дела на Моцарт, Бетовен, Хајден, Шуберт, Штраус, Брамс, Мелер и Шонберг.

Ако сте помислиле дека парискиот Версај е совршен, тогаш не сте го виделе неговиот најголем ривал – Палатата Шенбрун, која е еден од најзначајните културни споменици во Австрија.

Но наша препорака за што треба да се посети во Виена е следна :
– дворецот Белведере – има изложба на слики постојано доколку сте љубители на уметност
– дворецот Schönbrunn (http://www.schoenbrunn.at/en/) – таму има многуголема и убава зоолошка, градина со лавиринти од жива ограда, а задолжително е внатрешна посета на најголемиот ривал на Версај.

Во самиот центар на градот се :
– катедралата на св. стефан – Stefans Dom
– дворецот Hofburg ( тука се наоѓа и  куќата на пеперутките каде што ако влезете секакви пеперутки летаат околу вас)
-Задолжителна посета и на Дамел во непосредна близина на Хофбург – првото кафуле во Виена каде што се прави оригиналната Захер торта по таен рецепт
– Забавниот парк Пратер , операта, парламентот , собранието , природно-научниот музеј, а за шопинг рајот  веднаш зад него се наоѓа Maria-Hilferstrasse една долга улица со продавници каде што изборот е преголем.

Магелан Травел ве води за нова година во еден од најубавите културно-историски градови во Европа. Оставете на нас да го организираме Вашето патување – погледнете ја понудата

Магелан Травел - Виена

Магелан Травел – Виена

 

Доколку светот беше една држава – Истанбул ќе беше главен град…

Истанбул со Magelan

Истанбул со Magelan

Без разлика дали ги сакате и следите турските серии, Истанбул ќе ве воодушеви во секоја смисла, од неговата големина, до историското наследство кое се меша со современиот начин на живот, што се препознава во специфичната архитектура и култура.

Покрај тоа што е најголемиот турски град со 13,5 милиони жители, Истанбул претставува и економско, културен и историски центар на оваа земја.

Босфорот го дели градот на два дела, европскиот и азискиот, а го спојува со Мраморното и Црното Море. Климата е медитеранска со највисока просечна температура во зимскитемесеци до околу 10 степени.

Градот покрива површина од 1.830,92 квадратни километри, а провинцијата Истанбул, пак, опфаќа 5.196 km². Истанбул има 39 населби, од кои 27 се во градот Истанбул, кои сите заедно го формираат Големиот Истанбул, или Општина Истанбул.

Градот е уреден со прекрасни паркови, шеталиште покрај ривиерата на морскиот брег, а посебно се интересни вежбалните на отворено наменети за сите кои сакаат да спортуваат на отворено и да живеат во здравиот дух.

Кога ќе го посетите Истанбул немој да заборавиме да ја пробате турската кујна која е навистина неодоливо вкусна, а особено традиционалната турска баклава со зелен ф’стак, турското кафе, чајот, симит, пишманлии, салеп и многу други специјалитети.

Истанбул со Magelan

Истанбул со Magelan

Пазарењето во Истанбул, особено во Капали чаршија е вистинска забава, немојте да заборавите да се ценкате зошто првата цена и онаа по која ќе го купите производот драстично се разликуваат.

Но сепак, Истанбул е еден од најубавите и волшебни градови во светот, каде милиони луѓе си ги живеат своите секојдневни животи. Тој е неверојатна мешавина на култури со многу фин и гостопримлив народ. Една од неговите главни обележја е тоа што овде е тешко да се направи разлика меѓу класите во општеството. Тоа е град каде сите се сиромашни и сите се богати.

Истанбул, како и некои други градови во Турција, се единствените во светот каде има улични работници, кои успеваат да заработат на самите работни места. Постојат чистачи на чевли, продавачи на храна и пијалаци, на весници, разни занаетчии и многу други кои му даваат посебна магија на овој град. Всушност, немаме ни потреба да влегуваме во некој поголем маркет или продавница бидејќи скоро сè може да се купи од улиците. Важно е да се забележи дека жителите на Истанбул се народ на чајот, бидејќи го консумираат често како дел од нивната традиција.

Магелан Травел ја нуди оваа прекрасна дестинација во својата програма за Нова Година!
Не пропуштајте да ја прославите Новата Година во еден од најубавите градови на светот.
За целосната понуда – ОВДЕ!

Будимпешта – метропола од бајките за време на нова година

Будимпешта

Будимпешта

Постојат голем број на луѓе кои можат да се вљубат во еден град со само еден мал поглед кон него. Од друга страна пак, луѓе кои по подолг престој во истиот откако убаво ќе го запознаат, едноставно се приврзуваат, но сепак сите ќе се сложат: Будимпешта е градот кој дефинитивно ќе ви остане во срцето.
Широкиот Дунав тече низ средината на оваа метропола, делејќи ја ридестата Буда од рамната Пешта. Град со два милиони жители, богата историја, прекрасна архитектура.
Во оваа европска метропола може да го посетите Музејот на современата уметност, да го посетите националниот парламент, да го видите и хотелот што е во облик на пченка, но тука веднаш во близина на главната метро станица Москва има и видиковец кој ќе ви го одземе здивот…Но доколку ја посетите Будимпешта – тогаш е задолжително да ги посетите термалните базени и спа центри во комбинација со некоја масажа. Во близина на хотелот Хилтон е споменикот на рибарите со премногу скулптури, а не смее ни да се заборави готичката катедрална црква.

Панорама на Будимпешта

Панорама на Будимпешта

Овој град на секој турист му нуди многу повеќе од она што вреди да се посети, а тоа е возење со брод по Дунав, термалните извори и излет до Свети Андреј. Унгарската кујна е посебен предизвик за сите гурмани кои сакаат да уживаат во откривањето нови вкусови. Цената во рестораните со одлична услуга е многу пристојна. Веќе со години унгарската престолнина важи за одличен шопинг центар, а малку се оние кои не знаат за улицата Ваци околу која се наоѓа целата шопинг зона. Интересно е дека секој може да си најде по нешто за себе, и оние со длабок, а и оние со плиток џеб. Можете да пазарите и од outlet центрите кои се наоѓаат на самиот излез или влез во градот. Во нив ќе најдете брендирана гардероба по значително ниски цени, што е доволен мотив барем за викенд да се упатите кон Бидимпешта. Фотографии за сеќавање сигурно ќе направите пред прочуениот Парламент, на плоштадот на Хероите и во стариот дел на градот.
Црквата Матијаш (Mátyás templom) е црква која се наоѓа токму во оваа Унгарска престолнина и е во склопот на Римокатоличката црква. Црквата била изградена во 1015 година со готски стил, и е втората по големина црква во Будимпешта. Но што е многу интересно, во 1541 година била претворена во џамија.
Но како да ја опишеме Будимпешта, а да не го споменеме бисерот на градот, белегот кој кротко ја прераскажува историјата на Централна Европа… Дунав, кој минува низ повеќе главни градови и тоа Виена, Братислава, Белград  и Будимпешта. Задолжително е прошетката и крстарењето за вечно сеќавање.

Магелан Ве поканува на уживање во оваа Европска Метропола. Повелете и погледнете ја нашата понуда која ја припремивме специјално за Вас.

Hello world!

Welcome to WordPress.com! This is your very first post. Click the Edit link to modify or delete it, or start a new post. If you like, use this post to tell readers why you started this blog and what you plan to do with it.

Happy blogging!

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.